Home » Digital » Како би можел да изгледа пребарувачот Google

Како би можел да изгледа пребарувачот Google

Google покажа како би можело да изгледа нивниот пребарувач доколку се усвои директивата за авторските права на подрачјето на ЕУ

Европската унија сака да ги заштити сите творци, уметници и новинари и не сака Гугл, Фејсбук и другите големи компании да остваруваат приходи со пренесување на содржините од медиумите, без да плаќаат одредена сума на медиумите и новинарите.

Google News е заснован на принципот на објавување највозбудливите вести од бројни медиуми – корисниците го гледаат насловот и изворот на веста и доколку сакаат да го читаат, треба да кликнат на линкот кој ќе ги однесе на страницата каде што е објавена таа статија. Исто така, информациите за општа употреба прикажуваат линкови до статиите на различни медиуми – издавачите не заработуваат ништо од прикажување на своите линкови до Google (но им носат промет), додека Google генерира приходи од реклами, кои се појавуваат покрај резултатите од пребарувањето.

На големите издавачи и медиуми, овој начин на пренесување на нивните вести не им одговара и тие сметаат дека Google и интернет компаниите развиле профитабилен бизнис модел со искористување на нивната содржина. Слични замерки имале и претходно издавачите во Шпанија и Германија – Google реагираше така што го изгасна сервисот за прикажување на вести во Шпанија, а во Германија им овозможи на издавачите да ги повлечат статиите од Google News, а во двете земји пребарувањата на веб-сајтовите чија содржина не била на Google, драматично опаднала.

Google предупредува дека тоа би можело да им се случи на медиумските компании доколку се усвои контроверзниот член 11 од Директивата за авторски права, односно т.н. данок на линк,  кој што компаниите, како што е Google, би морале да го плаќаат за прикажување содржина, т.е. наслови, слики и слично на нивните страници.

Помалите издавачи се во можност да одговорат на сегашниот модел, бидејќи тоа им овозможува да станат достапни за голем број на корисници, благодарение на Google News и други слични услуги и тие сакаат нивната содржина да продолжи да се прикажува на Google News како и досега и се подготвени да се откажат од данокот на линкови, кој би требало да го плаќа Google.

Компанијата спроведе и експеримент за потенцијалното влијание на Директивата за авторски права, т.е. како може да изгледа страницата со резултатите од пребарувањето, доколку член 11, би стапил на сила, а резултатите од овој експеримент се објавени Search engine land страници. Страниците ќе изгледаат како празни плочи на кои речиси и да нема никакви информации, или може да прикажуваат само линкови до издавачот (на пр. The Telegraph), но не е вести и слики објавени со вестите, така што ако некој не кликне на линкот, нема да знае за што станува збор.

Исто така, компанијата објави дека постои можноста доколку ЕУ не го промени контроверзниот член 11 од Директивата за авторски права, дури може и да го исклучи сервисот Google News во ЕУ, со што сите би биле во загуба – издавачите, новинарите и корисниците.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365