Home » Во фокусот » Kako Heineken одлучи да ја прослави 140 годишнината од своето постоење

Kako Heineken одлучи да ја прослави 140 годишнината од своето постоење

По повод  својата 140 годишнина од постоење, еден од најсилните брендови на пиво во светот, Heineken одлучи да ја прослави со маскирање на париско бротче «péniche » во подморница.  Подморницата пловела по реката Сена во Париз и застанувала секој ден  на повеќе пристаништа во Париз. На самото пристаниште каде што застанувала подморницата, се одржуваале концерти со DJ. Ова се случувало само во периодот од 10 до 17 Октомври 2013 година.

Хајнекен, Маркетинг

 

Во самата подморница љубопитните луѓе  имале можност да се запознаат со историјата на брендот Heineken чие што постоење датира од  далечната 1873 година. Подморницата била поделена на повеќе делови. Посетата на подморницата можела да се изврши во определени часови па се до полноќ.

Со ова Heineken маркетерите уште еднаш ја потврдуваат нивната креативност, посветеност со цел да ја прослават на посебен начин 140 годишнината од постоењето на брендот.

Автор Душан Пецов

Душан се интересира за Brand Equity, Бренд Маркетинг и Однесувањето на потрошувачите. Моментално е ангажиран во Nestlé Македонија како Trainee in Trade Marketing

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365