Home » Во фокусот » Како ИКЕА ја искористи кралската свадба за своја промоција

Како ИКЕА ја искористи кралската свадба за своја промоција

Овој викенд, ИКЕА на многу хумористичен начин ја искористи кралската свадба за своја промоција

Кралската свадба овој викенд беше настан кој го следеше целиот свет, а многу брендови сакаа да го искористат тоа. И додека еден Хари веќе “го нема на пазарот“, ИКЕА одлучи на еден многу едноставен, хумористичен и впечатлив начин да ги потсети сите оние кои сакаат свој Хари дека можат да го најдат во нивните продавници.

Агенцијата ACNE и Ikea Creative Hub смислија неколку постови за социјалните мрежи кои си поиграа со кралската свадба, а еден од нив беше едноставна фотографија од нивната Хари столица, од 49 американски долари, со пораката “Не грижете се, Хари се уште е на располагање. “

За да не остане се` на тоа, веднаш по венчавката брендот повторно беше подготвен за актуелнната тематика и се осврна на проблемот со преостанатиот вишок од свадбени торти, а одговорот го најдоа во нивните пластични садови Прута, со пораката “Кога ќе ви останат вишок торти од венчавката со 600 гости. “

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365