Home » Во фокусот » „Каков пензионер си станал…“ – една поинаква кампања на приватните пензиски фондови и Мапас

„Каков пензионер си станал…“ – една поинаква кампања на приватните пензиски фондови и Мапас

Сѐ почестo во друштво ве „реметат“ со „Каков пензионер си станал…“?

Тогаш треба да ја погледнете новата кампања на приватните пензиски фондови – КБ Прво пензиско друштво и НЛБ Нов пензиски фонд, заедно со МАПАС – Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско работење. Кампањата, преку гифови, ги опфаќа сите оние први „симптоми на стареење“ кои не секогаш лесно си ги признавме и нѐ потсетува дека годините брзо поминуваат.

Ситуациите од секојдневниот живот, во кои веруваме дека многумина од вас ќе се препознаат, се вистински „тизер“ да кликнете на веб-сајтот www.penzija.mk каде кратко, јасно и директно ќе може да се информирате за реформите во пензискиот систем и за вашата пензиска заштеда.

kakov penzioner si stanal - GIFs-1

Позади кампањата стои маркетинг агенцијата Публицис кои изреката „Каков пензионер си станал…“ ја искористија со цел да ги испровоцираат младите да размислат за својата иднина.

Наместо да зборуваме за пензионирањето што ќе се случи таму некаде и некогаш, решивме на забавен начин да им кажеме на младите дека се веќе пензионери на одреден начин затоа што со првата плата ја добиваат и првата пензиска заштеда. Важно е секој од нас да биде едуциран на оваа тема – тоа се лично наши средства, на нашата лична пензиска сметка во вториот столб. Колку повеќе знаеме, толку подобро ќе се подготвиме за иднината.“ – ни изјавија од Публицис Скопје.

Статистиките покажуваат дека голем дел од вработените не знаат во кој пензиски фонд членуваат и што се случува со нивните средства. Еден ден по стартот на кампањата, веб-сајтот www.penzija.mk има над 12.000 посети. Овие први резултати се одличен показател дека кампањата ги испровоцира ‘’пензионерите’’ на вистински начин и дека ги поттикна да научат повеќе за својата пензиска заштеда.

Дознајте какви пензионери сте вие на penzija.mk.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365