Не се случува често една кампања, речиси во еден ден да предизвика огромно интересирање од медиумите, социјалните мрежи, да започне дебата во јавноста, како и да поттикне дијалог помеѓу државните институции и НВО секторот. Тоа и` успеа на кампањата #Несакана која ги помина границите на Црна Гора и започна расправа во регионот за злоупотеба на пренаталните тестови. Со цел да се укаже на проблемот кој остава трајни последици на демографската слика на едно општество, невладината организација “Центар за женски права“ заедно со агенцијата McCann Подгорица со поддршка од тимот на McCann Белград, започна кампања со цел да се покрене петиција да се направат законски измени кои ќе ја оневозможат злоупотребата на пренаталните тестови, чии последици се селективните абортуси. Неспорната статистика според која не само во Црна Гора, туку и во другите држави во регионот дека секоја година се раѓаат повеќе машки деца отколку женски, а што е последица на селективните абортуси, претставуваше предизвик за креаторите да направат кампања која е сериозна и едукативна и која истовремено ќе ја подигне свеста за овај проблем, преку приказната за Несаканата.
„Морам да признам дека е многу полесно да се работи на кампања која се занимава со една ваква голема и тажна тема отколку да се зборува за неа. Ова е кампања која е полна со емоции, па е речиси невозможно да се остане рамнодушен. Бевме шокирани од фактот што за дел од нашето општество, женските деца не се подеднакво посакувано потомство како машките деца. Тоа укажува дека самиот чин на селективен абортус, е всушност ужасна последица на таа непосакуваност на женско дете. Значи, ова не е само кампања која сака да стави крај на селективните абортуси, туку да го промени целиот систем на вредности кој става знак на нееднаквост помеѓу половите“ изјави Сандра Вујовиќ, Creative Lead and Client Service во агенцијата McCann Подгорица.
Веќе првиот ден, појавата на некролози и силуета од Несаканата девојка во весниците и на јавните места, предизвика бурни емоции, лавина од коментари и бурни реакции од јавноста. За само неколку часови Несакана стана главна тема не само во Црна Гора, туку и во поширокиот регион. Кампањата ја поддржаа најголемите црногорски медиуми, а набрзо и светските медиуми почнаа да известуваат за оваа проблематика. Сликата на Несакана веднаш се најде и на социјалните медиуми, каде што е споделена во неколку илјади Фејсбук и Инстаграм постови, како и твитови. Преку сериозни дебати, споделување на содржини и лични сведоштва, луѓето ја изразија желбата да учествуваат во кампањата. Организирано е и впечатливо збогување од лошиот систем на вредности кој прави разлика помеѓу децата со симболично подигнување на спомен плоча за Несакана во еден од јавните паркови во Црна Гора.
“Најмногу не радува сознанието што црногорските граѓани станаа свесни за големината на овај проблем, што сега веќе постојано разговараат за него, а нивната поддршка на кампањата станува се поголема и се изразува на различни начини“ нагласува Сандра Вујовиќ.
#Несакана, за само неколку часови стана кампања на сите граѓани кои сакаат да го променат лошиот систем на вредности и општеството да го направат подобро. Поддршка стигна и од Владата на Црна Гора, Министерството за човекови и малцински права, Министерството за здравство, како и од Делегацијата на ЕУ во Црна Гора, Женскиот ракоментен клуб Будуќност, но и од бројни јавни личности кои го препознаа значењето на кампањата за целокупното општество.
За помалку од 48 часа, повеќе од десет илјади жители на Црна Гора и регионот ја поставија рамката со пораката За мене си #САКАНА на нивните профилни фотографии на Фејсбук.
Од НВО „Центар за женски права” истакнаа дека оваа иницијатива не ги доведува во прашање со закон загарантираните репродуктивни права на жената, како што е правото на прекин на бременоста, туку е осмислена со цел да се започне општествен дијалог и да се смени патријахалниот систем на вредности кој преферира „машки наследник“, заради кој женските деца не се подеднакво посакувани во однос на машките. Станува збор за длабоко вкоренета дискриминација која започнува пред раѓањето, а се манифестира преку нерамноправна положба на жените во сите области на животот.
“Длабоко верувам во моќта на нашата индустрија да го стави своето знаење и влијание во служба на решавање на вистинските проблеми. Мислам дека нашата реактивна акција направи вистинска работа. Овај општествен проблем е присутен во многу земји. Веруваме во потенцијалот на оваа приказна и веруваме во нејзината магнетна сила да започне промени и да го мобилизира општеството на разговор и акција. За посебен успех го сметам фактот што една мала, локална кампања со својот специфичен пристап кон една универзална тема, каква што е нерамноправноста помеѓу половите, сама го пронајде патот до водечките светски медиуми. Секако дека нашата цел е квалитативна промена, за која е потребно време и поддршка од граѓаните, организациите и институциите. Овде едукацијата е клучен збор и сите наши активности во иднина ќе бидат насочени во тој правец” , изјави Јана Савиќ Растовац, Creative Director во агенцијата McCann Белград.
Кампањата #Несакана ќе трае долго и во наредниот период ќе бидат реализирани други фази од кампањата. Најмногу охрабрува сознанието што јавноста стана свесна за големината на овај проблем за што сведочи тоа што поддршката на кампањата расте од ден во ден.
Ве повикуваме и Вие да ја поддржите кампањата и #Несакана да стане #Сакана, така што на Фејсбук ќе ја превземета рамката за профилна фотофрафија со пораката Za mene si #ŽELJENA