battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » Keep calm and buy an apartment!

Keep calm and buy an apartment!

Дали размислувате за нов стан? Дали Вашиот сегашен стан/куќа изгледа старо? Дали сакате да имате второ место за живеење, покрај првото?

Можете! Во Дубаи.

Со отпочнувањето на светската финансиска криза во 2008-ма, секторот градежништво беше најпогоден во сите земји. Впрочем, ова “меурче” има корени од САД. Дубаи е едно од местата каде што финансиската криза доведе до запирање на изградбата на големите градежни објекти (најголемиот аеродром во светот што се отвори токму таму, пред месец дена, не се отвори навремено пред 2 години затоа што едноставно, се немаше средства да се доврши проектот). Иако Дубаи доживеа експанзија во делот на изградба на куќи, станови и големи згради, финансиските експерти претпоставуваат дека целосен крах на индустријата градежништво резултирајќи со илјадници непродадени станови ќе се случи во наредните 365 дена. Но, една компанија, со ОГРОМЕН билборд сака да докаже дека се е добро и дека едноставно, нема потреба од грижа, на следниот начин:

1

 

Рекламата е поставена од Propertyfinder.ае, на зградата Ал Шата во Дубаи Сити, на страната која што е целосно свртена кон регионалниот автопат. Иако директорот на компанијата Мајкл Лахјани вели дека само сакале да бидат хумористични и саркастични, негативни реакции имало во голем број што и не е чудно бидејќи Дубаи е сепак поинаква култура и традиција место Велика Британија (од каде што идејата за Keep Calm потекнува).

ОК, успешно.

Автор Мирослав Мечкароски

Мирослав е инволвиран во различни маркетинг проекти на различни платформи, со акцент на интернет медиумите и нивното влијание. Омилената дестинација му се бренд стратегиите и јавното говорење (+ПР), а како деликатес ги смета проектниот менаџмент и менаџментот на настани.

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365