Онлајн рекламирањето донесе една петтина од вкупните приходи во 2018 година, со вредност од 46,7 милијарди долари
Кинескиот интернет гигант Tencent Holdings забележа значително зголемување на приходите од реклами во 2018 година, предизвикани од експлозија на реклами во социјалните медиуми, но економската несигурност го забавија овој раст во четвртиот квартал.
Нето приходите на сопственикот на социјалната мрежа WeChat достигнаа 11,6 милијарди долари во 2018 година, што е пораст за 19% на годишно ниво, додека во четвртиот квартал оваа бројка се намали за 32%, односно 2,1 милијарди долари, се наведува во извештајот на компанијата објавена кон крајот на минатата недела.
Приходите од интернет реклами се зголемија за 44%, на 8,7 милијарди долари, што резултираше со една петтина од вкупните приходи во 2018 година. Сепак, растот забави во четвртиот квартал за 38%, со 2,5 милијарди долари помалку.
Игрите на паметните телефони сеуште се значаен дел од работењето на компанијата Tencent, односно приходите од овој извор пораснаа за 24% на 11,6 милијарди долари во 2018 година.
Презентирајќи го извештајот, од компанијата Tencent ја истакнаа нивната посветеност на заштитата на личните податоци на корисниците.
На прашањето како оваа компанија ги користи податоците од мрежата WeChat за да обезбеди прецизно таргетирање, претседателот на компанијата Лиу Чипинг изјави: “Никогаш не им даваме кориснички податоци на нашите партнери … дури и меѓу различни сектори и платформи, бидејќи ја цениме приватноста. Што се однесува до прецизното рекламирање, огласувачите треба да ги објаснат целите што ги бараат, а потоа ние ги вадиме податоците во нашата мрежа, со цел да им обезбедиме соодветни услуги. “