battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » Кои автомобилски брендови во Македонија добиле најголемо внимание од медиумите?

Кои автомобилски брендови во Македонија добиле најголемо внимание од медиумите?

Почитувани читатели, за денеска , во соработка со Press Clipping Ви подготвивме  квантитативна анализа на бројот на објави за автомобилската индустрија во периодот од првите 6 месеци од 2013 год. од која може јасно да се види кои брендови предизвикале поголемо а кои помало внимание кај македонските медиуми.

Во периодот Јануари – Јуни 2013 год., на македонските ТВ, радио, печатени и интернет медиуми имало вкупно 6348 објави за автомобилските брендови.

Интернет медиумите во тој период од шест месеци најмногу објави имале за Мерцедес (626) , BMW (519 пати ) и Ауди (453) а најмалку објавувале за Субару (28), Алфа Ромео (61) и Нисан (83).

Internet mediumi

Нјаспоменувани автомобилски брендови на интернет за периодот Јануари-Јуни 2013 год.

 

За разлика од интернет медиумите, оние најмоќните и со најголема цена – ТВ медиумите во периодот Јануари-Јуни објавувале поинаку и во фокусот пред се ги имале Шкода (18 објави) , Пежо (11 објави) и Цитроен (9 објави), додека пак најмалку внимание од тие за кои барем објавиле нешто посветиле на Хјундаи , Фиат и Форд (сите со по 1 објава).

Уште полошо од нив поминале КИА, ВолксфагенГолф , Nisan, Alfa Romeo и Субару за кои немало нити една објава на ТВ во периодот Јануари-Јуни 2013 год.

tv mediumi

Најспоменувани автомобилски брендови на ТВ за периодот Јануари-Јуни 2013 год.

 

На радио, во истиот овој период имало вкупно 33 објави во кои најмногу се споменувал автомобилскиот бренд – Пежо (4 пати) потоа Шкода и Цитроен (по 3 пати).

Најспомнувани брендови на автомобили во Радио (Јануари-Јуни 2013 год.)

Најспомнувани брендови на автомобили во Радио (Јануари-Јуни 2013 год.)

Весниците во првите шест месеци од 2013 година, најмногу пишувале за Ауди (68 пати) , Шкода (64 пати) и Мерцедес (55 пати) додека пак нивното внимание најмалку пати било предизвикано од Субару (споменати само 3 пати) , Цитроен (9 пати) и Хјундаи (11 пати).

Најспомнувани брендови на автомобили во весници (Јануари-Јуни 2013 год.

Најспомнувани брендови на автомобили во весници (Јануари-Јуни 2013 год.

 

Во продолжение и вкрстена табела за споредба на објавите за автомобилските брендови во сите медиуми:

Споредба на објавите за автомобилските брендови во сите медиуми

Споредба на објавите за автомобилските брендови во сите медиуми за периодот Јануари – Јуни 2013 година

 

****

Извор на информации – PressClipping, Квантитативна Анализа за  Автомобилските Брендови

press clipping logo - marketing365

www.pressclipping.com.mk

 

 

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365