Home » Во фокусот » Кои се ефикасните маркетинг трендови во регионот на Блискиот Исток и Северна Африка?

Кои се ефикасните маркетинг трендови во регионот на Блискиот Исток и Северна Африка?

Лекциите кои се споделени во извештајот MENA Strategy Report се извлечени од победничките кампањи на WARC наградите за најдобри стратегии во регионот на Блискиот Исток и Северна Африка во 2018.

WARC го објави својот втор извештај MENA Strategy Report кој ги испитува трендовите во маркетинг стратегиите на Блискиот Исток и Северна Африка, преку лекциите научени од анализата на пријавените кампањи за WARC наградите.

Луси Ајткен, уредник на студии на случај во WARC, по повод најновиот извештај вели: “Врз основа на длабинска анализа на резултатите овогодишните награди, ги ставивме размислувањата зад кампањите во контекст за да утврдиме како најдобрите стратешки идеи одговараат на потребите на потрошувачите и ги промовираат брендовите на Блискиот Исток и Северна Африка”.

Според извештајот на WARC, дисрупцијата е она што го стимулира растот во регионот на Блискиот Исток и Северна Африка (MENA регион), бидејќи добитниците на наградите оваа година покажаа револуционерно размислување во секторите кои се зрели за дисрупција. Без разлика дали се работи за Nissan кој освои Гранд при за измислување сосема нови мерни единици релевантни за регионот, или за прехрамбен бренд, кој ги охрабрува семејствата да бидат повеќе свесни за отпадот кој се создава за време на Рамазан, успешните кампањи покажаа како промените во темите на разговор може да бидат моќна стратешка алатка.

Во извештајот исто така се наведува дека е невозможно да се игнорира родовата еднаквост како една од главните прашања. Иако многу кампањи имаа цел да ја покажат својата поддршка за жените, она што се разликувало во кампањите, како на пример, кампањата на Nissan #SheDrives или кампањата Cook with Her на компанијата Puck, бил начинот на кој тие ги таргетирале мажите, охрабрувајќи ги да земат активно учество во остварување на напредок и еднаквост .

Друг наод од извештајот открива дека силните локални согледувања се клучни за растот на брендот. Победничкиот кампањи на локалните брендови ја покажаа силата и важноста на локалните сознанија кои доведуваат до силни стратешки идеи. Две кампањи од Либан најдобро го демонстрираа ова: една покажа разбирање и емпатија со оние кои страдаат од бавни интернет конекции во земјата, додека другата ја искористи националната гордост која ја чувствуваат либанците кои живеат во странство.

Иако реалната вредност на инфлуенсерите сеуште е предмет на жешка дебата во оваа индустрија, добитниците на награди оваа година понудиле конкретни примери за тоа како инфлуенсерите може да бидат од непроценливо значење во трансформирањето на брендовите.

Кампањата The Chronicles of Oufa за EGBank радикално да го промени начинот на кој младите Египќани го перцепираат овој бренд во светот на финансиските услуги, бидејќи се идентификувале со малку инфантилниот лик на Оуфа. Од друга страна, кампањата HouseWiFis на STC имаше допадливи ликови кои ги привлекоа мајките во Саудиска Арабија. Овие инфлуенсери играат важна улога за време на брзите промени во регионот.

Комплетниот извештај е достапен само за претплатниците на WARC.com.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365