Видеото постигна голема гледаност благодарение на учеството на американскиот актер Кристофер Лојд
Овај ироничен и високо-технолошки спот кој го промовира Fiat 500X во култниот филм Back to the Future: Fiat 500X , потпишан од страна на агенцијата Leo Burnett (Starcom media), е најпопуларната реклама во 2018 година на YouTube во Италија.
Краткиот филм постигна одлична гледаност на YouTube каналот благодарение на учеството на американскиот актер Кристофер Лојд. Досега има повеќе од 28 милиони прегледи.
https://www.youtube.com/watch?v=yCuBSRfuHoc
Секоја година, YouTube ја слави креативноста на брендовите со помош на листа на реклами на YouTube, која ги идентификува десетте најпопуларните реклами во Италија по пат на најважните индикатори на популарноста според нивните корисници, како што се бројот на прикази и споделување на други сајтови. Интересот за рекламирање на YouTube се рефлектира во резултатите од оваа година: со вкупно 85 милиони прикази, во споредба со 45 милиони во 2017 година, рекламната листа во 2018 година речиси двојно ги зголеми резултатите од претходната година.