Home » Во фокусот » Колкави биле приходите на најголемите пет приватни телевизии во Македонија во 2017 година?

Колкави биле приходите на најголемите пет приватни телевизии во Македонија во 2017 година?

 

Во текот на 2017 година, најголемите пет приватни телевизии од Македонија кои емитуваат програма на државно ниво (Сител, Канал5, Алсат, Телма и Алфа) оствариле вкупни приходи од 1 071 887 865 денари (17 429 070 евра), покажува анализата на завршните сметки која ја направи Маркетинг365.

Најдобро сработила ТВ Сител, која од 1 јануари до 31 декември 2017-тата, остварила приходи во износ од 451 838 860 денари или  7 346 973 евра, притоа остварувајќи добивка од 46 854 546 денари (761 862 евра).

Речиси сите телевизии, со исклучок на ТВ Телма, во 2017 оствариле помали приходи во споредба со 2016 година.

Вкупните приходи на најголемите пет национални приватни телевизии во 2017-тата во споредба со 2016-тата биле помали за 474 581 евро, а во споредба со 2015-тата за дури 3 674 121 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365