Home » Во фокусот » Конференција „Дигитализација 2019″

Конференција „Дигитализација 2019″

Компанијата „Даталаб” и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ денеска во Скопје организираат PANTHEON конференција на тема „Дигитализација 2019″.

Како што е најавено, целта на конференцијата е да се истакнат актуелните иновации во областа на законодавството, претприемништвото и економијата, како и иновациите кои се носители на дигитализацијата практично применети во PANTHEON.

На форумот реномирани експерти од областа ќе дискутираат на следниве теми: состојбата со дигиталната трансформација во Македонија, факторите за подигање на свесноста за дигитализацијата во различни индустрии, начините како ИКТ компаниите можат да помогнат во процесот на дигитализација, улогата на државата за стимулирање на економијата во областа на дигитализацијата, како и за дигитализацијата со PANTHEON денес и визијата за иднината.

Меѓу учениците на конференцијата се најавени: Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација, Mорено Родман, генерален менаџер на Даталаб Технологија, Анета Антова Пешева, претседател на Управен одбор на МАСИТ, Дарјан Раденковиќ, директор за маркетинг, Браинстер, д-р Мијалче Санта, доцент на Економски факултет, УКИМ и Анита Никова, извршен директор на МАСИТ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365