По втор пат во Македонија на 05.12.2018 година во Allikas wedding&event centеr се случува настанот „Конференција за 200 Жени Претприемачки„ кој оваа година ќе порасне од 100 на 200 претприемачки.
Резултатите од спроведената анкета од минатогодишната конференција “100 Жени Претприемачки” го покажаа следново:
– 75,70% од гостите после конференцијата меѓусебно оствариле прв контакт
– 73,00% од анкетираните имале деловна интеракција (маил, телефон, состанок)
– 54,10% оствариле меѓусебна соработка
„Business ladies – Забава, инспирација, мотивација, вмрежување“
Забава, инспирација, мотивација, вмрежување – овие четири лозинки накратко ја опишуваат конференцијата „200 Жени Претприемачки“ што е невообичаен мотивациски настан за жени, кој ќе се одржи 5 декември во Скопје. Овој енергетски ден ќе биде исполнет со знаење, инспирација, добри енергетски и деловни контакти.
Kasia Еvents – кој е одговорен за организирање на конференции, планирано е на овој ден да се соберат 200 жени кои имаат желба за живот, кои сакаат да воспостават деловни контакти, да ја разбудат во себе силата и да дејствуваат и да се охрабрат за промени, за коишто секогаш сонувале.
На конференцијата ќе присуствуваат жени кои што се сопственички на свој бизнис, жени кои имаат неограничени претриемачки идеи, но им недостига охрабрување да го направат првиот чекор, како и жени кои се менаџери, лидери во својата професија.
На конференцијата ќе има гости – презентери (претприемачи/чки) кои на сликовит начин, со конкретни примери ќе го претстават нивниот пат во претпиемаштвото. Презентерите до сите учесници ќе дадат соодветни насоки и примери како да се биде сè поуспешен во водењето на својот бизнис.
За време на конференцијата:
- Ќе добиете нови контакти (200 жени на едно место)
- Ќе ги слушнете вистинските приказни на жените кои, иако го знаат вкусот на неуспехот, ја искористиле својата внатрешна сила за да успеат – ќе покажат како го сториле тоа.
- Тие ќе докажат начини како да направите разлика во бизнисот, односите и приватниот живот
- Тие ќе ве инспирираат да работите и да наполните енергија за да направите разлика
- На конференцијата ќе слушнете како до поголем успех во бизнисот, финансиите, маркетингот и животот.
- Значајни предавања и од експерти за женско претприемништво
Ние жените знаеме што ни е потребно, што нè интересира и каде сме најсилни, но многу е поубаво чувството кога сето тоа ќе го доживееме заедно!
Ова ќе биде посебен ден што секоја жена го заслужува. Без оглед на возраста и видот на професијата, секоја заслужува да доживее големи емоции, да научи нови работи, да запознае нови луѓе и да ужива во секој момент.
За време на конференцијата ќе можете преку директни продажни состаноци, своите услуги или производи да им ги понудите на голем број претпријатија на сесијата наречена speed dating.
Жените владеат со светот!
Информации за регистрација и уплата на следниот линк:http://bit.ly/kasia200zp
*комерцијален текст