Home » Маркетинг & Адвертајзинг » Во кои европски земји најмногу се вложува во online огласување?

Во кои европски земји најмногу се вложува во online огласување?

“Обединетото Кралство, Германија и Франција остануваат на лидерските три позиции во однос на земјите каде се алоцираат најголеми буџети за online огласување“

02.12.2013

Според податоците кои во својот овогодишен Adex Benchmark извештај ги објави IAB Europe, Русија ја претрка Франција и се најде на четвртата позиција на земјите каде најмногу се вложува во online огласување, додека петтата и шестата позиција исто како и во 2011 ги задржуваат Холандија и Шпанија.

Топ 10 листата ја заокружуваат скандинавските земји Шведска, Норвешка и Данска.

Разликата од првиот на листата со десетиот е особено голема што укажува на фактот дека сеуште постојат големи разлики во развојот, прифатеноста и антиципирањето на овој медиум за огласување во поединечни региони во Европа. Како за илустрација, во Обединетото Кралство според пресметките се инвестирани нешто повеќе од 6,6 милијарди евра додека во десеторангираната Данска таа бројка е околу 600 милиони евра.

Во продолжение целата листа на топ 10 земји каде најмногу се вложува во online огласување !

AdEx Benchmark IAB Europe

AdEx Benchmark IAB Europe

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365