Home » Во фокусот » Жарко Димитриоски од “Еден на Еден”: Креативноста не е нешто што се форсира

Жарко Димитриоски од “Еден на Еден”: Креативноста не е нешто што се форсира

Сите ја знаеме емисијата „Еден на еден“, но помалку луѓе знаат за истоимената маркетинг агенција. Жарко Димитриоски, водител, автор, извршен продуцент и креативен директор на агенцијата и емисијата “Еден на еден”, гостуваше на 16-то „Бизнис кафе“ во Скопје.

Тој ни открива дека на емисијата троши околу 10%, а остатокот го поминува на останатите обврски поврзани со маркетинг агенцијата. Дел од тоа е резултат на фактот дека голем дел од времето во земјава луѓето го трошат непродуктивно, смета тој. Поточно, тој вели дека забележува недостаток на иницијатива и одговорност кај луѓето овде.

Но, во секоја фирма има и клучни вработени кои треба да бидат ценети повеќе, смета тој. Во овој контекст, тој се потсети и на една од своите почетнички грешки.

„Главните што ја држат работата, овие главните запчаници, главните алки во синџирот, мислам дека треба да се презадоволни од тоа што работат кај тебе. На почеток го немав тоа сфатено“, смета Жарко.

Кога станува збор за креативноста во работата, Жарко посочува дека креативците може да дадат генијални идеи некогаш, а потоа да не се толку продуктивни бидејќи креативноста не се форсира. Освен тоа, во работата тој сака да ги одбира своите клиенти според разбирањето. Соодветно, тој се цели кон тоа фирмата да стигне дотаму за да може целосно да се одбираат клиентите.

Жарко додава и дека му се допаѓа растот во маркетинг секторот во последно време. Имено, тој вели дека има нова генерација претприемачи кои ги разбираат технологиите, социјалните мрежи итн, на кои им се радува бидејќи со нив комуникацијата е многу полесна.

Конечно, тој открива и дека постојано учи бидејќи маркетингот се менува од месец за месец.

„Маркетингот станал толку динамичен што, буквално, треба да учите секој ден и никогаш не можете да бидете во ситуација да речете дека знаете маркетинг. Веќе следниот месец ќе излезе нешто ново и ќе бидете аматер“, вели Жарко.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365