Home » Digital » Linkedin го консолидира својот маркетинг

Linkedin го консолидира својот маркетинг

Компанијата е наводно во разговори со најмалку пет агенции, а целта им е да го сведат тој број на две или три

LinkedIn е во процес на консолидирање на своите глобални маркетинг напори со две до три креативни агенции во наредната година, објави Adweek повикувајќи се на сигурни извори од индустријата.

Според нив, LinkedIn претходно имал долг список на креативни агенции, но сега се во мисија драстично да го намалат тој број. Компанијата е моментално во разговори со најмалку пет агенции, од кои некои ќе испаднат во процесот.

Не е сосема јасно со кои пет агенции контактираше LinkedIn, но изворите ја наведуваат агенцијата Pereira & O’Dell како една од оние кои веројатно ќе добие договор.

Консолидацијата на агенциите започна пред неколку месеци, но не е дел од формална ревизија, и доаѓа после една година и половина откако Microsoft го превзеде LinkedIn за 26,2 милијарди долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365