Home » Во фокусот » Лобирањето како дел од ПР-от во Македонија

Лобирањето како дел од ПР-от во Македонија

Во едно скоро кафанско “оправање на државата“ во кое нормално неизбежен декор беа и муабетите за светските заговори против државава и европските лобисти кои…знаете.. “не саботираат“….се разви тема која во таква “инспиративна атмосфера“ поттикна муабет за лобирањето и лобистите кај нас. Сум пишувал и претходно на темава, но чинам не е на одмет да ја афирмираме пак !

Иако множината употребена за лобисти вројатно е непотребна, бидејќи ако сакаме да бидеме прецизни до скоро време имаше само еден официјално регистриран лобист кај нас (немам информација дали во меѓувреме добивме нови официјални лобисти) сепак не е можно а да не се бара заедничка точка меѓу лобистите и ПР-професионалците, знаејќи дека сепак лобирањето е ПР дисциплина (PRSA).

Лобирањето и ПР-от

Во Република Македонија, од август 2008 постои Закон за лобирање, со кој се уредуваат начелата на лобирање, условите за стекнување својство на лобист, регистрирање на лобистите, правата и должностите на лобистите итн… Овој закон се однесува на лобирањето кај законодавната и извршната власт на централно ниво, како и кај советот и градоначалникот на локално ниво.   (целиот закон го имате на линков).

Јас незнам, а ако Вие знаете слободно споделете во коментар, за друга земја каде лобирањето е регулирано со закон (а сигурно има и други земји од кои сме го преработиле законов) и поради тоа неможам да направам паралела како таму функционира целиот тој “лобирачки процес“ , но ако се прашуввам јас – мислам дека воопшто не е потребно да биде ставен “под капа“ еден сет на активности кои ионака е работа на ПР агенциите и веќе се практикува (само можеби не се вика под тоа име).

Ако одиме по дефиниција, нивната работа (на лобистите) се состои од три главни етапи: Разбирање (антиципирање на состојбата) – Комуникација (емитирање добро компонирани пораки) и Пресинг (преземање потребни активности)

Од ова гледаме дека профилите на “лобистите“ веќе ги имаме во ПР-професионалците.

Веќе постојат информации за неколку примери на лобирање од наши агенции и успешно комплетирање на целта (независно дали тоа било донесување некаква одлука за поединечен случај или измени во некоја регулатива), што секако не охрабрува дека лобирањето не треба да го завиткуваме во некоја фолија и да дигаме фама околу него – туку отворено на јавна сцена да го понудиме како уште една услуга на нашата ПР агенција.

За жал лобирањето сеуште не е дел од официјалниот “каталог“ на ПР агенциите кај нас и ако некому му требаат такви услуги тој нема можност за избор…..ил барем нема можност на избор од професионалци кои тоа во слична форма секојдневно го работат.

Со оглед на тоа што постои закон, прв чекор е или дел од  вработените во агенцијата да се регистрираат како лобисти или сите агенции заедно да “излобираат“ поголема либерализација на овој сегмент од работата.

Тоа им го оставаме како тема за дискусија на некоја наредна средба на членовите на ЗОЈМ :)

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365