Невообичаена и несекојдневна промотивна кампања спроведе македонската start-up компанија Termin.mk.
Бевме изненадени кога во просториите на Marketing365 пристигна невообичаен жолт коверт на кој пишуваше “Препорачуваме 5 минути пауза…”. Љубопитни, го отворивме, и внатре се наоѓаше растурена сложувалка. На самиот флаер/коверт беа испишани неколку промотивни пораки и насока да се провери веб страната специјално дизјанирана за целата кампања – Slozuvalka.mk, со главна цел, да се погледне самото решение на сложувалката. Со цел да ги стимулираат корисниците да го “изодат” целиот пат кој тие го посакуваат од нив, тимот на Termin.mk доделуваат и вредни награди за секој што ќе се регистрира на Slozuvalka.mk, и воедно, ќе го внесе кодот кој се наоѓа заедно со сложувалката во самиот коверт.
Решението на сложувалката, оригинално и сликовито, со кратки пораки ги објаснува основите функционалности на апликацијата Termin.mk.
Termin.mk e апликација за онлајн проверка на термини во ресторани кои организираат свадби, игротеки кои прават детски родендени, спортски објекти и локации за организација на деловни настани. Кампањата беше токму за областа Деловен настан, за која дознавме дека е последна и од неодамна лансирана – 20ти Април 2015 година. По остварениот контакт со ко-основачот на Termin.mk , Филип Стефановски бевме информирани дека кампањата се вика “Среќни коверти” и истата има за цел директно да таргетира компании, владини, невладини и странски организации, маркетинг агенции, како и амбасади и други правни субјекти кои организираат деловни настани – конференции, семинари, обуки, team building, презентации итн.
Од самата веб страна Slozuvalka.mk може да се види дека кампањата е сè уште во тек и дека извлекувањето на промоциите ќе биде на 1ви Октомври 2015 година. Бевме информирани дека уште еден пакет на Среќни коверти ќе биде испратен до целната група на Termin.mk. Па доколку се пронајдовте со Вашиот правен субјект во целава приказна, а се уште не сте го добиле ова пријатно изненадување, и секако, доколку сакате да се здобиете со можност за освојување на една од промоциите, контактирајте ги Termin.mk и можеби вашата адреса ќе се најде на ова жолто “ковертче” :)