Home » Во фокусот » Македонски Телеком потпиша договор за управувани услуги со Ериксон

Македонски Телеком потпиша договор за управувани услуги со Ериксон

Македонски Телеком го избра Ериксон за партнер за управувани услуги во Македонија. Ериксон ќе ја преземе одговорноста за мрежните активности, активностите за поддршка, теренските активности и пасивните мрежи, како и услугите за одржување на инфраструктурата за фиксните и мобилните мрежи на Македонски Телеком.

ericsson-logo

Според договорот, почнувајќи од  јули 2016 година, вработените на Македонски Телеком коишто работат во оваа област ќе продолжат да ги извршуваат своите задачи во светски познатата компанија Ериксон.

Андреас Маиерхофер, Главен извршен директор на Македонски Телеком истакна: „Партнерството со Ериксон, компанија која има глобално искуство и докажана експертиза за одржување на комплексни телекомуникациски мрежи, ќе ни овозможи уште повеќе да се фокусираме на нашите корисници. Сигурен сум дека ќе го задржиме епитетот „најдобра мрежа“ со партнер кој е светски лидер во оваа област и ќе работиме поефикасно и поконкурентно за да овозможиме најдобро корисничко искуство.”

Антонио Пасарела, Раководител на продажба за Албанија, Македонија, Црна Гора, Србија од Ериксон истакна: „Нашата организација за обезбедување на услуги на глобално ниво ни овозможува да обезбедуваме управувани услуги на ниво на перформанси и економии на обем кои тешко можат да се достигнат. На новите вработени им посакуваме топло добредојде во глобалното семејство на Ериксон, каде ќе имаат можност да ја унапредат својата кариера. Нашето долгогодишно искуство на полето на управувани услуги како и вештините и искуството што ќе ги донесат префрлените вработени, ќе резултираат со подобрена услуга за крајните корисници.

Ериксон е партнер и голем добавувач на комуникациски решенија за Македонски Телеком повеќе од 20 години.

Договорите за управувани услуги со Ериксон им овозможуваат на операторите да обезбедат одржлива диференцијација на нивниот бизнис. Ериксон применува диференцирани модели за ангажирање и го користи локалното знаење стекнато од над 66.000 професионалци за обезбедување на услуги коишто работат во 180 земји низ целиот свет за да се прилагоди на посебните барања на секој свој корисник.

Според ревидираниот годишен финансиски извештај на Македонски Телеком, договорот надминува 10% од капиталот на друштвото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365