Home » Во фокусот » Македонските портали започнаа да го прифаќаат Етичкиот кодекс на ИАБ Македонија

Македонските портали започнаа да го прифаќаат Етичкиот кодекс на ИАБ Македонија

Голем дел од македонските водечки веб издавачи започнаа да го прифаќаат саморегулаторниот етички кодекс на добри професионални практики во дигиталното издаваштво со кој се пропишуваат правилата за фер, етички и добри професионални практики на медиумските издавачи во врска со креирањето и објавувањето на содржини, производи и услуги кои ги нудат преку своите дигитални медиуми.

Листата на издавачи и портали кои веќе го прифатија кодексот може да се види на официјалната датабаза на ИАБ на следниов ЛИНК. Листата започна да се проширува секојдневно, а сите оние кои сакаат самоволно да го прифатат Кодексот треба да потпишат Изјава за прифаќање која во скенирана верзија треба да се достави на следнава е-маил адреса: contact@iab.mk. Изјавата може да се симне од следниов ЛИНК.

Порталите кои ќе ја достават потпишаната Изјава и ќе бидат додадени во датабазата на ИАБ, имаат право на својот сајт да постават “беџ“ (0д ОВОЈ ЛИНК) , со што на посетителите и огласувачите ќе им стават до знаење дека медиумот се придружува кон утврдените етички и професионални стандарди пропишани од ИАБ Македонија.

Во иницијативата се поканети да се приклучат сите професионални веб издавачи кои се залагаат за поголема транспарентност и професионалност на интернет просторот во Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365