Home » Во фокусот » 6 Марфиеви закони на комуникацијата

6 Марфиеви закони на комуникацијата

Пред неколку дена читајќи едно дело на Сем Блек за “Односите со јавноста“ наидов на една негова статија која го раскажува искуството на професорот Osmo A. Wiio од универзитетот од Хелсинки, во која , професорот Wiio се забавува и ја игра улогата на “адвокат на ѓаволот“ формулирајќи алтернативни комуникациски закони во спротивност на утврдените поставки.

Професорот Вио објаснува дека неговиот цинизам произлегува од фактите дека тој присуствувал на многу состаноци и слушал многу непроверени, и често целосно погрешни очекувања за ефектите на човечката комуникација.

Недоразбирање во комуникацијата

Од овие правила, кои јас ги нареков “Марфиеви закони на комуникацијата“, еден практичар на Односите со Јавноста треба да научи дека мора дупло да ги зголеми своите напори за да ги разбере реакциите на примачите на пораките.

Марфиеви (т.е. OsmoA. Wiio – ви) комуникациски закони:

1.Комуникацијата обично е неуспешна – освен ако не се вмеша случај т.е. пример. Комуникацијата меѓу луѓето е често на ниво од 5%.

1.1. Ако комуникацијата може да биде неуспешна – таа и ќе биде!

1.2. Ако комуникацијата не може да биде неуспешна – сепак ќе биде !

1.3.  Ако комуникацијата има шанси за успех, и тоа на планиран начин, ќе успее на начин на кој не е планирана.Ако се оди глатко, нетреба да се надевате на успех. ПРимателот има впечаток дека ја разбрал вашата порака, но во стварност не ја разбрал – или си ја разбрал на свој начин.

1.4. Ако сте задоволни што вашата комуникација има шанси за успех, тогаш таа ќе биде неуспешна. Задоволството со комуникацијата обично значи дека целиот комуникациски процес сте го обликували за себеси, а не за примателот.Првото правило на успешната комуникација гласи дека треба да се мисли на примателот и пораките да се обликуваат спрема него.

2. Ако пораката може да се разбере на неколку начини, секогаш ќе се разбере на оној кој носи најголема штета.

3.Секогаш постои некој кој знае подобро од Вас, што се сакале да кажете со пораката.

4.Што повеќе комуникација, тоа потешко да се постигне успех.

4.1. Што повеќе комуникација – тоа повеќе недоразбирања. Наивно е да се верува дека поголем број на комуникации обезбедува успешност – искуството ни го зборува спротивното.

5. Ште се однесува до масовните комуникации, не е важно како работите во суштина се, туку, како работите изгледаат. Изгледа да мас-медиумите креираат сопствена стварност, која често има многу малце заедничко со стварноста.

6. Важноста на веста е во обратен сразмер до одалеченоста на квадрат.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365