Home » Во фокусот » Марко Прокиќ со изложба во „Концепт 37“

Марко Прокиќ со изложба во „Концепт 37“

Уметничкиот директор во агенцијата „McCann Erickson“ од Белград, Марко Прокиќ вечерва во Скопје во „Концепт 37“, ќе има своја изложба која е најавена со почеток во 20.30 часот.Тој е познат како илустраторот чии изреки го преплавија Фејсбук!

Денес, кога мораме да признаеме дека со друштвените медиуми владеат стикери со животни, љубовни пораки, „self-help“ препораки и други разни цитати – ретко кој од нив навистина може да ни го задржи вниманието. Но, кога говориме за Марко, познатиот белградски илустратор и неговата страница f.ckinfine сосотјбата е сосоема поинаква. Тој успеа за многу кусо време да се издвои од толпата и да ги освои, одушеви, насмевне, и да го измами она „аххххх“ од своите фанови“ велат организаторите

Марко Прокиќ

Марко до сега изложувал, самостојно, но и групно во Белград, Загреб и Монпеље. А денес живее и работи во Белград. Со своите духовити и проникливи илустрирани пораки веќе стана специфичен „feel good“ бренд во регионот, а магијата која овие дела ги остваруваат во релација со публиката е секогаш посебна и партикуларна.

Имено, секоја порака која Прокиќ ја илустира е како и самиот што вика: проживеана и преживеана. Тоа се чини дека е еден од клучните елементи во речиси неподносливата леснотија на поистоветување со авторовата утринска мрзоволност, експлицитна или имплицитна меланхолија, чувството на недостасување, досада или болната свест за рутинското секојдневие.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365