Home » Во фокусот » Марс се ребрендира со слоганот “Tomorrow starts today“

Марс се ребрендира со слоганот “Tomorrow starts today“

Во рамките на новото ребрендирање, компанијата сака да ја комуницира разновидноста на своите производи и да се оддалечи од корените

Марс започна проект за ребрендирање во рамките на кој сака да се оддалечи од корените на компанијата во кондиторската индустрија, со цел подобро одразување на широката палета на нивните производи и брендови денес, вклучувајќи ги Uncle Ben, Whiskas, Dolmio, Wrigley, како и велнес брендот CocoaVia.

Овој потег, јасно ја комуницира подготвеноста на Марс да се сврти кон “целниот маркетинг” и како што тврди компанијата за тоа ќе ги користи своите 115.000 вработени со цел “да се направи разлика“.

Одразувајќи ја разновидноста на своите производи, Марс ќе се реорганизира во ограноците Mars Food, Mars Petcare и Mars Wrigley Confectionary, што ќе биде комуницирано и преку нов идентитет.

Основана во 1911 година во Илиноис, компанијата Марс денес е една од најголемите приватни компании во САД и има значителен маркетинг буџет за комуницирање на своите бројни брендови на глобално ниво.

Друг очигледен знак дека компанијата се свртува кон целниот маркетинг е и мисијата на компанијата, која го следи патот на нивните ривали Unilever и P&G, која гласи: “Светот кој го сакаме утре започнува со начинот на кој работиме денес”.

Причините за промената и некои од новите решенија се претставени во Твитер пост кој можете да го видите подолу.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365