Кон крајот на минатата недела, познататиот уличен уметник Бенкси го шокираше светот кога неговото дело се “самоуништи”, само неколку секунди откако беше продадено во аукциската куќа Сотби за 1,3 милиони долари.
Контроверзниот потег некои го критикуваа, а некои го пофалија, но не постои сомнеж дека овој потег беше револуционерен и инспиративен, а очигледно и дека агенциите кои работат со Мекдоналдс се согласуваат со тоа.
Две одделни агенции кои работат за Мекдоналдс речиси истовремено создадоа идеи кои си поигруваат со концептот на потегот на Банкси. Тие создадоа постери кои го имитираат уништеното дело, во минималистички стил кој е карактеристичен за рекламирањето на Мекдоналд во последно врме.
Делата беа креирани од страна на Ричард Агиус од агенцијата TBWA/ANG, која работи за Мекдоналдс во Малта (лево), а второто дело е на агенцијата DDB Виена (десно).
Но агенциите на Мекдоналдс не беа единствените кои беа инспирирани од Бенкси. Уште еден бренд, познат по своите инстантни реакции на големите настани во популарната култура и во светот околу нас, на социјалните мрежи сподели одличен духовит осврт на целиот случај.
Имено, ИКЕА Норвешка и нивната агенција SMFB создадоа едноставна и урнебесна реклама, во препознатлив “направи сам” стил на Икеа и ја споделија на Инстаграм.