Home » Во фокусот » McDonald’s ја повлече рекламата со која им сугерираше на луѓето да јадат бургери место да одат во музеј

McDonald’s ја повлече рекламата со која им сугерираше на луѓето да јадат бургери место да одат во музеј

Новата реклама на McDonald’s во Канада со која на луѓето им се сугерираше дека 5 долари е подобро да се потрошат на оброк место да се учи за диносаурусите во музеите се чини значително ја вознемири тамошната јавност со што компанијата беше принудена да се извини и да ја повлече рекламата од етерот.

Можете да купите тура низ музеј за 5$” вели машкиот наратор во спотот. Жена која е водич во музејот се уфрла: “Имаше диносауруси и потоа ги снема“ – вели таа. “ОК, сега излезете преку гифт шопот“ .. Нараторот повторно се вклучува и вели дека слушателите можат своите 5 долари на богат оброк од сендвич, компирчиња и пијалок.

Коментарите на јавноста беа дека оваа реклама е навредувачка и несомнено имплицира дека музеите се тука за да “ги ограбат луѓето“.  МекДоналдс на овие коментари реагираше многу брзо, со јавно извинување во кое потенцираат дека намерата била да бидат интересни и забавни а не да ги навредат музеите и културните работници. Покрај јавното извинување тие и приватно отишле и им се извиниле на луѓето кои биле најгласни во реакциите и се почуствувале повредени.

Во продолжение можете да го слушнете радио рзаговорот со Tracy Calogheros, извршна директорка на Exploration Place и нејзините коментари на рекламата која можете да ја слушнете после 10-тата секунда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365