Никогаш, никогаш, никогаш нема да ги ставите Mercedes-Benz во иста реченица со кокошки.
Барем така е изграден брендот досега. Но, време е нешто да се смени. Ако не за друго, да се нагласи позитивниот дух.
Magic Body Control, на Mercedes-Benz.
Откако ќе ги средите впечатоците од рекламата, време е за дискусија. Да се вратиме на првата реченица. Дали во автомобилите на Меrcedes-Benz се возат кокошки? Легитимно прашање по ваква реклама.