Home » Во фокусот » Младен Чадиковски избран за нов претседател на ЗНМ

Младен Чадиковски избран за нов претседател на ЗНМ

Младен Чадиковски

Младен Чадиковски денеска е избран за нов Претседател на Здружението на новинари.

Досега функцијата претседател на ЗНМ ја вршеше Насер Селмани, кој на ова позција беше осум години.

За Чадиковски денеска гласаа 86 членови со право на глас, додека пак за неговиот противкандидат Столе Наумов гласаа 77.

Неодамна, во интервју за Маркетинг365, по повод номинацијата Чадиковски нагласи: “Има потреба за зголемување на новинарската солидарност и подобрување на етичките принципи. Освен тоа, младите новинари заслужуваат поголема поддршка од своите поискусни колеги и се ова мислам дека може да се прави преку ЗНМ. Новинарството да се врати во редакциите. Потребно е ЗНМ да продолжи да биде критична организација. Да не допуштиме власта или регулаторот или другите центри на моќ, да ја загрозат слободата на изразување и да влијаат на независноста на медиумите

За членови на Управниот одбор на ЗНМ денеска беа избрани: Фиљана Кока, Фуркан Салију, Среќко Поповски, Аднан Ајдари, Сашка Цветковска, Мишко Иванов, Сашко Димевски, Бењамин Арифи, Слободанка Јовановска и Зоран Димитровски.

За членови на Надзорниот одбор избрани се Мери Јордановска, Адриан Керими, Наташа Стојановска, Семи Мехмети и Ирена Мулачка, додека пак за членови во Советот на честа: Мира Костиќ, Јакупи Семра, Сенад Зилбеари, Зекири Арбен и Горан Лефков.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365