Home » Во фокусот » Мобилното огласување во 2017 година ќе ги надмине веб огласите

Мобилното огласување во 2017 година ќе ги надмине веб огласите

СВЕТ – После повеќегодишниот раст, мобилните огласи, наредната година за прв пат би требало да ги престигнат десктоп огласите според износот на парите вложени во нив, покажале предвидувањата за глобалните вложувања во огласувањето на Интернет, во истражувањето Advertising Expenditure Forecasts на медиската агенција ZenithOptimedia.

mobile advertising - marketing365

Спрема податоците кои ги собрале, 2017 година би требало да биде пресвртна во трендовите на огласувањето. Мобилните огласи веќе околу 5 години бележат забрзан раст, додека десктоп огласувањето од 2013 година се движи на ниво од нешто помалку од 100 милијарди долари.

Во 2017, според предвидувањата на ZenithOptimedia, во мобилното огласување ќе бидат вложени нешто повеќе од 99 милијарди долари (во десктоп нешто повеќе од 97 милијарди долари), а следната веќе скоро 130 милијарди долари. Истовремено со продолжување на растот на мобилното огласување, десктоп огласите би можеле да забележат пад за околу 3%.

Освен порастот на мобилното огласување, јасен е уште еден тренд – голем пораст на огласувањето на социјалните мрежи (се предвидува годишен раст од 23,6%). Следната година за тоа во светот ќе се издвојат повеќе од 32 милијарди долари.

Најголем огласувачки пазар следната година ќе стане Кина, на која ќе отпадне околу третина од светскиот износ издвоен за интернет огласување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365