Home » Во фокусот » Мобилното рекламирање сè уште не го достигна својот целосен потенцијал!

Мобилното рекламирање сè уште не го достигна својот целосен потенцијал!

Според истражувањето на WARC, повеќе од половина од огласувачите немаат формална стратегија за огласување на своите брендови на мобилните уреди

Мобилни уреди се веќе етаблирани како суштински дел од маркетинг миксот, но новиот извештај на WARC укажува на тоа дека сè уште постои голем простор за раст, со цел оглсувачите да креираат формални стратегии за мобилните и да почнат да ги користат можностите на интернет на стварите и паметните домашни технологии.

Извештајот State of the Industry: Mobile Marketing in EMEA 2018 година, кој WARC го објавува во соработка со Асоцијацијата за мобилен маркетинг (Mobile Marketing Association), се темели на одговорите на повеќе од 550 маркетинг професионалци од 48 пазари во регионот ЕМЕА (Европа,Средниот Исток и Африка).

Истражувањето покажа дека рекламирањето на мобилните уреди ужива голема поддршка на повисоки нивоа во компаниите, па така 54% од клиентите, сопствениците на медиуми и добавувачи на технологија, тврдат дека тие се “подготвени” за поддршка на менаџерскиот тим за користење на мобилно огласување во нивните компании.

Но, истиот процент (54%) од маркетерите на страната на клиентите, немаат формална стратегија за мобилно огласување на нивните брендови. Од 46% кои имаат формална стратегија, речиси две третини (64%) велат дека оваа стратегија е тесно поврзана со други маркетинг активности, а остатокот (36%) велат дека се “малку поврзани”.

Ваквите заклучоци укажуваат на тоа дека мобилните уреди сè уште не го достигнале својот целосен потенцијал за повеќето испитаници. Најголем дел (61%) сметаат дека е “прилично ефикасен” маркетинг канал, но, исто така, поголем е процентот на испитаниците отколку во 2017 година, кои ги гледаат мобилните уреди, како “целосно неефикасни” или “неефикасни” за огласување (8% наспроти 5% во 2017 година), што укажува на тоа дека сè уште има простор за оптимизирање на маркетиншката ефикасност на мобилните уреди.

Сепак, маркетерите предвидуваат дека ќе инвестираат повеќе пари на мобилните уреди: 76% од испитаницитете на страната на клиентите, очекуваат дека нивните буџети ќе се зголемат во текот на следната година, а за пет години,  52% од испитаниците очекуваат дека повеќе од една четвртина од буџетот ќе се троши за огласување на мобилните уреди .

Во текот на истиот временски период, фокусот на нивните напори ќе се оддалечи од мобилниот веб приказ кон брендирана содржина и шеми на лојалност базирани на мобилни уреди.

Моментално, податоците за локацијата на најчесто употребувана мобилна технологија во огласувањето, па 60% од испитаниците изјавиле дека ја користат, но тој процент ќе се намали со растот на интернетот на стварите и технологијата на паметните домови. 53% од испитаниците очекуваат дека ги користат овие технологии во 2023 година, во споредба со 50% од оние кои ќе користат податоци за локацијата.

Се очекува значително да се зголеми употребата на мобилни паричници (41%), виртуелна реалност (37%) и зголемена реалност (44%) во текот на следните пет години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365