Прилепска пиварница со уште едно, ново, одлично изненадување.
За потребите на нивниот бренд „Златен Даб“, заедно во соработка со агенциjата Футура 2/2 со која веќе неколку години наназад посветено работи на комплетното позиционирање, брендирање и пласирање на брендот, ја реализираше интерактивната видео кампања „Most Wanted“.
Станува збор за интерактивна видео реклама во која своја “улога“ може да земе и публиката, која со едноставно аплодирање на своја слика, станува главна улога во рекламата, односно “Најбараната“ (Most Wanted) личност, најбараниот фудбалер за ова лето !
Со третман на фановите како вистинските ѕвезди на брендот, пораката на кампањата “Овој Даб е за тебе” во преден план го става токму корисникот. За Златен Даб, фановите на фудбалот и конзументите на пиво се вистинските ѕвезди и херои кои заслужуваат светска популарност.
Во изминатите два дена отакако беше лансирана кампањата, по социјалните мрежи можеа да се забележат стотици персонализирани “Most Wanted“ приказни во кои многу фанови на пивото и фудбалот се забавуваа и си поклонуваа “по еден Даб“.
ТВ рекламата се одликува со одличен визуелен изглед и режија, што се должи на соработката со познати продукциски куќи, чиј посветен пристап придонесе за ваквиот висококвалитетен изглед на приказната и возбудливата динамика на нарација.
Посетете го Веб сајтот www.mostwanted.mk и направете Вие или Вашите најблиски да бидете “Најбараната“ личност :)