battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » Спремни за лет? После ова видео, да!

Спремни за лет? После ова видео, да!

Македонија нема своја авиокомпанија на која што би и го осмислувале маркетингот или би го следеле истиот со голема доза на внимание. Знаејќи ја балканската и македонската културна нишка, поголеми скршнувања од клише пораките на една авиокомпанија со насмеани стјуардеси како стојат на билборд и нема да има (се надевам дека ќе сум “во криво” за ова, но ајде прво да ја основаме авионската компанија).

Преку големата бара (самиов назив е клише), во САД, адвертајзингот е, во најмала рака, интересен. Не, забавен е подобриот збор.

Сите оние што летале со авион, знаат дека имаат едно 5 минутно претставување на правилата при лет и информации за безбедноста, како на пример ременот при полетување и следење, излезите на авионот, лентата на подот на авионот што свети во случај на несреќа…и така натаму. Очекувајќи стјуардеса истото да го направи, немојте да бидете разочарани ако ви пуштат досадно видео со обични powerpoint информации (стјуардесите/стјуардите не се исклучени од демонстрацијата, во зависност од типот на леталото).

Но, не и доколку летате со Virgin America (oд средината на месец ноември годинава, доколку начинот на презентација биде дозволен од Националната агенција за авиобезбедност на САД). Време е за музика, Step Up style.

Видеото е режирано од Џон Чу, режисерот и на некои од Step Up филмовите.

Можеби досега доколку еднаш сте летале мислете дека знаете што и како при Вашиот нареден лет, но информациите кажуваат дека огромен процент на луѓе не обрнуваат внимание на овие безбедносни информации презентирани пред почетокот на летот. Но, кој не сака музика? Време е за нови работи.

VA

Автор Мирослав Мечкароски

Мирослав е инволвиран во различни маркетинг проекти на различни платформи, со акцент на интернет медиумите и нивното влијание. Омилената дестинација му се бренд стратегиите и јавното говорење (+ПР), а како деликатес ги смета проектниот менаџмент и менаџментот на настани.

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365