Home » Во фокусот » Музика која создава вкусни чоколадни меурчиња

Музика која создава вкусни чоколадни меурчиња

Агенцијата J Walter Thompson London ја создаде првата телевизиска кампања за брендот AERO после 6 години, покажувајќи како се создаваат меурчињата на производот преку ‘биг бенд’ музика со дувачки инструменти.

Во спотот, кој ќе се емитува на телевизија и во кино салите, главна ѕвезда е „Меурофонот“, генијален изум кој открива како AERO „пумпа“ забавна музика во своето чоколадо за да ги создаде вкусните меурчиња.

Наместо да се попираат на специјални ефекти, сите чоколадни меурчиња се снимени на камења после неколку месеци тестирање и фино „штимање“, рефлектирајќи ја грижата и умешноста која се вложува во секое AERO чоколадо. Пост-продукцијата беше спроведена од Time Based Arts, а монтажата од The Assembly Rooms. Употребената музика, инспирирана од „биг бендовите“ на 1930-те години, беше компонирана од SoHo Music.

Спотот беше режиран од страна на Крис Кејрнс од Partizan, познат по својата страст и експертиза во оркестрирањето на визуелни ефекти и музика, кој претходно има режирано познати кампањи за Coca Cola, Swatch, Mini и Pizza Hut, меѓу останатите.

Покрај самиот спот, кампањата вклучува и активности на социјалните мрежи Instagram и Twitter.

Џо Валас, креативен директор во J Walter Thompson London, во однос на кампањата изјави: „Снимањето на меурчињата на камера беше комплексно и предизвикувачко колку самата идеја што беше прекрасно едноставна. Тимот, како најдобрите мурчиња, се издигна над предизвикот и нивното неверојатно внимание посветено на детали резултираше во фантастично парче „меуреста“ музика.“

Рејчел Браун, бренд менаџер за AERO во Nestle, изјави: „Спотот е прекрасно создаден како и самите AERO меурчиња. Одлична, едноставна идеја која совршено го пренесува „меурестиот“ квалитет на чоколадото AERO. Бидејќи ова чоколадо не беше рекламирано веќе подолго време, сметаме дека оваа реклама е совршено погодна и вкусна!“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365