Home » Во фокусот » Myspace ја почна кампањата за својот “втор живот“

Myspace ја почна кампањата за својот “втор живот“

Некогаш најпопуларната – сега ептем во втор план социјална мрежа – MySpace, денеска почнува официјално со својата кампања која треба да придонесе во наметнувањето на новите бренд карактеристики кои треба да ја “живнат“.

Џастин Тимберлејк еден од новите инвеститори кои го купија MySpace во 2011 год. на Твитер најави дека од денеска ќе гледаме нов MySpace кој ќе биде екстра забавен и екстра интересен.

Адвертајзинг кампањата, која патем MySpace ќе го чини 20 милиони долари, а ќе треба да го пре-претстави пред младите креативни луѓе од цел свет, да не велиме хипстери (таков таргет избрале кој ќе им помогне да се диференцираат) ќе оди на повеќе канали почнувајќи на неколку кабелски мрежи, радио станици и повеќе дигитални медиуми.

ТВ кампањата е предвидена да трае 7 недели а потоа се до крајот на летото ќе “бомбандираат“ по дигитален “пат“ :)

Ексклузивно првиот спот за новиот свеж MySpace првпат за македонската публика на Маркетинг365:

А еве го и вториот, кој на авторот на статијава му е многу подобар :)

Време за регистрација и на MySpace !

Ова е линк до нашиот профил на MySpace!

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365