Home » Digital » На Инстаграм стигнува голема промена за видео содржината

На Инстаграм стигнува голема промена за видео содржината

Наскоро на Инстаграм ќе може да се објавуваат видеа во траење од дури 60 минути

Инстаграм и Јутјуб се исклучително популарни платформи помеѓу инфлуенсерите кои на овие мрежи ги следат милиони луѓе, но постојат големи разлики во начините на кои влијателните луѓе ги подготвуваат содржините за овие сервиси. Додека на Јутјуб се објавуваат само видеа, Инстаграм обезбедува повеќе можности, но исто така и некои ограничувања – може да се објавуваат слики, Stories и видеа, a ограничувањата се однесуваат на должината на траење на видеата. Максималната должина на објавените видеа на Инстаграм моментално изнсува 60 секунди во feed и 15 секунди во Stories, но ова наскоро може да се промени.

Во компанијата на Фејсбук размислуваат за големо зголемување на должината на видеата кои се објавуваат на Инстаграм и ограничувањето од 60 секунди би го зголемиле на дури 60 минути. Ваквиот пораст на времетраењето на видеата ќе отвори многу нови можности за заработка на Инстаграм, но и нови можности за инфлуенсерите кои сега и во Инстаграм би добиле платформа на која ќе можат да објавуваат подолги видео записи и повеќе различни содржини за кои е потрбно многу повеќе време од една минута.

Долго видеа би можело да се објавуваат како дел од Instagram Stories, a според новинарски извори, екипата на Инстаграм веќе оствари средби со издавачите за кои оваа промена може да биде корисна, а видеата наводно, ќе продолжат и понатаму да се прикажуваат вертикално. Моментално, од Инстаграм не сакаат да ги коментираат овие информации, така што не е познато кога би можеле да овозможат објавување на долги видеа.

Што се однесува до Инстаграм, освен привлекување на корисници од YouTube, објавувањето на подолги видеа ќе отвори нови можности за приходи од рекламирање, бидејќи во подолги видео записи може да се пласираат повеќе реклами.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365