За наградите ќе одлучува жири составено од 25 експерти, претставници на клиенти, агенции и новинари од неколку земји во регионот
Сите агенции за пазарно комуницирање од регионот се повикани до 1 септември 2018 година да ги пријават своите кампањи на BalCannes, кој и оваа година ќе се одржи во Ровињ, во рамките на Викенд Медиа Фестивал. На седмото издание на BalCannes, организирано од Хрватското здружение за пазарно комуницирање (HURA) и Викенд Медаиа фестивалот, ќе бидат избрани 25 најдобри комуникациски проекти од целиот регион. Најдобриот меѓу нив ќе добие специјална награда од жирито, BalCannes лав, додека најдобрата агенција во регионот ја очекува специјална награда – натпреварување на Меѓународниот фестивал на креативноста во Cannes Lions 2019! Имено, организаторите на BalCannes ќе ги и` покријат трошоците на најдобрата агенција за поднесување на еден проект на натпреварувањето во Cannes Lions во 2019 година.
За наградите ќе одлучува жири од 25 експерти, претставници на клиенти, агенции и новинари од неколку земји во регионот. Интересно е тоа што BalCannes е ретка прилика на која натпреварувачите од прва рака можат да дознаат како за нивните проекти посебно размислува секој од трите состави на жирито – клиентите, агенциите и медиумите.
На BalCannes ќе се натпреваруваат мали проекти или големи кампања, но исто така и домашни проекти, односно оние кои се креирани за странските пазари, на кои BalCannes им доделува награда за најдобар комуникациски проект креиран за странски пазар, како и за најдобар проект реализиран на регионалниот пазар.
Одлични вести за сите кои сакаат да аплицираат се и посебните опции 4 + 1 гратис и 7 + 3 гратис. Оваа година за првите четири проекти поднесени од истата агенција, петтиот проект може да се пријави бесплатно, а за првите седум проекти поднесени од страна на иста агенција, дополнителните три се бесплатни. Апликациите за BalCannes се достапни на интернет на www.balcannes.com.
Единаесеттиот Викенд Медиа Фестивал оваа година ќе се одржи од 20 до 23 септември, како и секогаш во поранешната фабрика за тутун во Ровињ. Освен по конструктивните, а понекогаш и провокативни расправи, фестивалот е познат и по најдобрите забави. И оваа година не очекува разновидна музичка програма и дружење долго во ноќта.