Volvo Trucks и агенцијата Adam&EveDDB на судиите ќе им ја претстават кампањата со која освоија најмногу награди на светските фестивали во 2014 година
На Денови на комуникациите, централниот национален фестивал за огласување, кој ќе се одржи од 16 до 19 април во хотелот Lone во Ровињ, доаѓаат најнаградуваниот огласувач и агенција на светот во 2014 година, Per Nilsson, глобален директор за односи со јавност на компанијата Volvo Trucks и Daniel Fischer, креативен диектор на агенцијата Adam&EveDDB
Per Nilsson, глобален директор за односи со јавност на компанијата Volvo Trucks, на Денови на комуникациите ќе одржи предавање The Epic Lecture – Volvo Trucks Live Test Series, кое е прогласено за едно од најдобрите предавања на овогодинешниот Eurobest фестивал. Се работи за вирална кампања која е реализирана во соработка со познатата шведска агенција Forsman & Bodenfors, а која постигна светски успех без да инвестираат во огласувањето. Кампањата вклучуваше и успешно Epic Split видео со Жан Клод Ван Дам, што резултираше со голем медиумски публицитет и online engagementво цел свет.
Daniel Fischer, креативен директор на агенцијата Adam&EveDDB, добитник на 4 Гран при и 5 златни лавови на Cannes Lions за кампањата Harvey Nichols Sorry, I spent it on myself, на Денови на комуникациите ќе одржи предавање на тема Behind the scenes of the world’s biggest start-up.Во своето предавање ќе зборува за тајната на успехот на оваа млада агенција и нејзиниот уникатен пристап кон огласувањето, пренесувајќи ги анегдотите од кампањите во кои тој учествувал од своето доаѓање во агенцијата. Колку се успешни во она што го работаат, зборува и фактот што агенцијата Adam&EveDDB била најнаградуваната агенција на светот во 2014 година, кога е прогласена за Агенција на годината на Cannes Lions фестивалот ( со дури 22 освоени награди), Агенција на годината на Eurobest фестивалот, Интернационална агенција на годината и Креативни иноватори на годината спрема изборот на AdAge news порталот, како и најдобра британска агенција на натпреварувањето British Arrow Awards и Clio Awards.