Најновиот мурал на анонимниот уметник познат како Бенкси, доби заштита од други љубители на графити, а оваа одлука се опишува како малку иронична, но неопходна.
Бенкси на 19 декември на својот профил на Инстаграм потврди дека е точно дека тој е автор на најновиот мурал кој се најде на ѕидот од една гаража во градот Порт Талбот во Јужен Велс. Неколку дена откако се појави муралот, градските власти одлучија преку него да се обложи заштитен слој на пластика, односно едно дело на уличната уметност да се заштити од други автори, иако суштината на оваа гранка на уметноста е токму слободата и можноста за трансформација со доцртување, бришење и други активности кои го прават делото постојано да еволуира.
Новиот мурал го носи името “Seasons Greetings“, а на него се наоѓа дете кое се обидува да ги фати снегулките, кои кога одблиску ќе се погледнат, всушност се пепел кој доаѓа од контејнер кој гори. Пред пластичната заштита, околу муралот беше поставена метална ограда, а други уметници, односно вандали, веќе се обиделе да ја уништат пластичната заштита, но се спречени на време.
Многумина тврдат дека Бенкси е горд на оние кои се обиделе да го уништат муралот, бидејќи тој чин го содржи токму она за што и самиот се залага.
Latest work by #Banksy goes under coverhttps://t.co/5EbdpnlMI5 pic.twitter.com/Blm1yJTPOl
— BBC Wales News (@BBCWalesNews) December 22, 2018