Home » Во фокусот » Народна и Тутунска банка најзастапени во медиумите од минатата недела

Народна и Тутунска банка најзастапени во медиумите од минатата недела

Според податоците на Пресклипинг, во изминатата недела, најмногу за банките објавувале интернет порталите кои објавиле дури 162 објави од вкупно 212 информации во сите медиуми.

Најзастапена банка на интернет порталите била Народна банка а додека со најголем број на објави на телевизија и радио минатата недела беше Тутунска банка.  Во весниците пак, најголем број на објави повторно имало за Народна банка и Тутунска банка кои се следени од Светска Банка и Шпаркасе банка.

Kurir.mk и Plusinfo.mk се двата веб сајтови кои имале најголем број објави поврзани со банките а после нив следуваат…

(клик на сликата за зголемен приказ)

objavi na internet - banki - marketing365

 

Од Телевизиите, темите со банките и банкарскиот сектор најмногу ги третирале МТВ 1 и Сител, додека пак Утрински весник и Вечер биле печатените медиуми кои најмногу објавувале за банките. Кај радио станиците -> Mакедонското радио.

Најзастапени банки на ТВ и Радио минатата недела биле Тутунска банка со 5 објави и Светска банка со 4. Останати банки кои добиле простор на ТВ и радио биле:

najzastapeni banki na tv i radio - marketing365

Во весниците најмногу се пишувало за Народна Банка и Тутунска Банка (по 9 пати) а потоа за Светска Банка (5 пати), Шпаркасе Банка (3 пати) и Стопанска Банка(2 пати).

 

Извор на информации – PressClipping, статистичка анализа за група Банки.

press clipping logo - marketing365

www.pressclipping.com.mk

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365