Голем број на брендови се одлучиле да направат outdoor кампањи кои се корисни за потрошувачите, помагајќи им да ги лоцираат нивните најблиски продавници или ресторани. На пример, IKEA постави реклами на автобуски постојки кои на минувачите им кажуваат колку чекори има до нивните продавници. Гигантот за брза храна McDonald’s пак, направи насочните принт-реклами во кои прикажаниот помфрит ја посочуваше насоката до нивниот најблизок ресторан.
Сега, нивниот најголем конкурент Burger King во Франција се одлучи за нешто слично, но сосем различно – контрапродуктивни знаци кои не насочуваат кон нивните најблиски ресторани, туку до локации кои не постојат. Различните принтови означуваат растојанија од 150, 400 и 450 матри, а се поставени и во трговски центар кој воопшто нема Burger King, но ги насочува посетителите да се качат на третиот кат.
Меѓутоа, на рекламите е јасно наведено дека „таму нема ресторан“, но затоа пак „можеме да доставиме“. Односно, најзгодниот начин за да јадете Whooper е едноставно да го нарачате преку сервисот за достава на Burger King во парнтерство со Deliveroo, на која било локација и да се наоѓате.
Необичната кампања е дело на француската адвертајзинг агенција Buzzman Paris.