Благодарение на агенцијата BETC и CANAL +, љубителите на филмот сега можат повторно да го откријат повеќекратно наградуваниот филм “Dunkirk“ на Кристофер Нолан.
Оваа нова верзија се чини дека е иста со оригиналниот филм, само што пилотите изгледаат малку постари.
Но, и покрај нивните поодминати години, тресење на рацете и делумното слепило, херојски се држат и ја играат својата улога.
Резултатот е донекаде трагикомичен, но пораката е јасна – не дозволувајте филмовите да остарат пред да ги погледнете и тоа е токму она што овај спот го промовира за CANAL +, кој ги поседува правата за прво прикажување на сите големи филмски остварувања во Франција.
За продукцијата на овој спектакуларен филм, агенцијата BETC се здружи со Тим Булок и компанијата Insurrection, додека за специјалните ефекти е заслужена куќата Mathematic. Оваа реклама ќе се прикажува во Франција на телевизија, во кината, како и на социјалните мрежи.