Home » Во фокусот » Некои работи се поважни од освојување на лото

Некои работи се поважни од освојување на лото

Оваа порака изненадувачки доаѓа токму од Државната лотарија на Холандија

Ова е кампања која дефинитивно ќе ви го згрее срцето во овие празнични денови. Холандската државна лотарија го промовира своето новогодишно извлекување со кадраво кученце, кое очигледно има проблеми со самодовербата.

Рекламата на агенцијата TBWA / Neboko, во режија на Мартин Вернер, ја прикажува приказната за слаткото куче Фрекел, кое излегува со својот сопственик во ладна зимска вечер, за да уплати лото за Нова година.

Откако неговиот сопственик вели дека ќе има само убави работи кога ќе добие на лото, малку неугледниот Фрекел поминува низ криза на идентитот. Нема да ви кажуваме повеќе, едноставно погледнете го видеото и уживајте.

Агенцијата, исто така, сподели и видео кој ја раскажува вистинската приказна за Фрекел, чие вистинско име е Пистачо и подеднакво е емотивна како и самата реклама. Погледнете во продолжение.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365