Home » Во фокусот » Netflix и YouTube се најголемите потрошувачи на интернет сообраќај во повеќето земји

Netflix и YouTube се најголемите потрошувачи на интернет сообраќај во повеќето земји

Околу 15% од вкупниот промет на податоци во светот при преземањето (download) отпаѓа на Netflix. Веднаш зад него е YouTube, а дури третото место е “обичениот” интернет сообраќај.

Компанијата Sandvine, која се занимава со производството на мрежна опрема и со неа поврзани решенија, подготви голем извештај за интернет сообраќајот и услугите на кои тој се троши најмногу. Податоците се однесуваат на целиот свет, но без Индија и Кина, за чии пазари има ограничени податоци.

Во останатиот дел од светот, интернет сообраќајот се состои претежно од прегледи на видео содржини, на кој отпаѓаат 58% од вкупниот промет во преземањето (download). Зад него се наоѓа веб сообраќајот, додека на третото место е категоријата на онлајн игри, надминувајќи ги социјалните мрежи, трговијата, споделувањето на датотеки и размената на пораки.

Најголемиот потрошувач на видео интернет сообраќај е Netflix, кој учествува со 15% од вкупниот download во светот. Веднаш зад него е YouTube, со 11,4%. Ситуацијата во регионот на ЕМЕА, кој ги вклучува Европа, Блискиот Исток и Африка, е малку поинаква од глобалната. Тука главниот генератор на видео-сообраќај во download  е YouTube, а Netflix е рангиран на второ место.

Повеќе од 50% од вкупниот интернет сообраќај во светот е заштитен со енкрипција, а како еден од најважните генератори на сообраќај во upload се издвојува BitTorrent мрежата, која е одговорна за речиси 22% од вкупниот промет во таа насока.

Кога станува збор за социјалните мрежи, Instagram го престигна Facebook како мрежа со највисок промет. Skype се уште е најголемиот потрошувач на сообраќајот од сите апликации за размена на пораки и видео разговори, додека Spotify го држи приматот во музичкиот сегмент за стриминг. Во игрите, првa е League of Legends, а следи Fortune.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365