battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » Њу Момент со злато и бронза од Eurobest 2013

Њу Момент со злато и бронза од Eurobest 2013

10 метри одвоено“ и “Пијано“, кампањите на Њу Момент Скопје, се добитници на злато односно сребро во соодветните категории на овогодинешното издание на Eurobest фестивалот, еден од најпрестижните европски креативни фестивали кој деновиве се оддржа во Лисабон, Португалија !

eurobest festival of creativity

Уште една потврда за македонскиот креативен квалитет и хит проектот “10 метри одвоено“ кој годинава ги собра највисоките награди на речиси сите креативни фестивали каде учествуваше, е новата златна статуетка во категоријата Integrated.

„10 метри одвоени“ е дел од пошироката кампања спроведена од Генералниот секретријат на Владата на Република Македонија за соживот и за религиска толеранција.

Кампањата “PIANO”‘ за Скопскиот Џез Фестивал ја приграби бронзената статуетка во категоријата Design (постер) како уште една потврда плус за проектот кој од многумина беше опишан како “совршен дизајн“ награден претходно и на Golden Drum во Порторож.

Честитки за Њу Момент, одлично ја финишираа оваа “сезона“, им посакуваме уште многу успеси во иднина !

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365