Home » Во фокусот » Њујорк Тајмс рекламира на Фејсбук упатство за гаснење на профилите на оваа најголема социјална мрежа

Њујорк Тајмс рекламира на Фејсбук упатство за гаснење на профилите на оваа најголема социјална мрежа

Од редакцијата велат дека се занимаваат со оваа платформа бидејќи голема компанија со невообичаено голема моќ е фатена во средиштето на веројатно најголемите прашања на денешницата – приватноста и мешање во политиката

Познатиот весник Њујорк Тајмс му плаќа на Фејсбук да објави водич за корисниците како да го избришат профилот од оваа најпопуларна онлајн социјална мрежа.

Американските информативни портали пишуваат, повикувајќи се на контакти од компанијата, дека Марк Закерберг и луѓето што го опкружуваат се прилично лути. Некои од нив сметаат дека новинарите на Њујорк тајмс намерноги изоставиле нијансите за тоа како интернетот функционира, за да го прикажат Фејсбук во што полошо светло, со цел или да му нанесат огромна штета или можеби со истражувчки серијал да освојат Пулицерова награда.

Никој од калифорнискиот технолошки гигант не сакаше да ги коментира овие наводи, додека извршниот директор на Њујорк Тајмс, Дин Бакет прокоментира дека дека се занимаваат со оваа платформа бидејќи голема компанија со невообичаено голема моќ е фатена во средиштето на веројатно најголемите прашања на денешницата – приватноста и мешање во политиката. Њујорк Тајмс е инаку еден од лидерите на новиот бран во известувањето за технологијата во која новинарите заземаат малку поагресивен став спрема моќниците од Силиконската долина.

Меѓу корисниците на интернет веќе долго време е актуелна приказната дека од Фејсбук не може трајно да се исчезне, тука дека профилот може само да се деактивира, затоа што сите податоци останува некаде сочувани. Вистината е дека сè може да биде трајно избришано ( или барем така тврди Фејсбук), но процесот трае дури 90 дена и за тоа време корисникот има можност евентуално да се премисли. Водичот на Њујорк Тајмс содржи инструкции за тоа како чекор по чекор да се зачуваат поврзаните профили (ако преку оваа мрежа да се најавувате на други) и да ги преземе сите зачувани фотографии и постови. И кога сè е навидум избришано, потребно да се елиминираат “колачињата” и другите алатки со кои Фејсбук го следи однесувањето, дури и на оние интернет корисници кои не се дел од најголемата онлајн социјална мрежа.

Поттикот за таквиот потег би можел да биде еден од серијата скандали во кои беше вмешана компанијата на Закерберг во последните две години, од незаконските обиди за наводното руско мешање во претседателските избори во САД, преку компромитирање на корисничките податоците во компанијата Кембриџ Аналитика, до откривањето дека поради безбедносни пропусти биле хакирани профилите на 50 милиони корисници.

Ова значи дека Закерберг, основачот и извршен директор, за прв пат не успеа да го исполни новогодишното ветувањето дадено пред една година – дека ќе го поправи Facebook, а листата на проблеми толку се прошири што многумина се сомневаат дека овој технолошки гигант воопшто може да се поправи.

Во една од истражувачките стории, Њујорк Тајмс објави детали кои откриваат дека Фејсбук е голем глобален арбитер на слободата на говорот, многу повеќе отколку што е подготвен да го признае тоа. Тим од 15.000 модераторите од целиот свет, има задача да одлучи според дадени упатства, што им е дозволено на корисниците да објавуваат. Еден од нив, анонимно изрази страв дека Фејсбук има премногу контрола, а премалку надзор и дека премногу често прави грешки. Понекогаш вработените дозволуваат во некои земји да цвета екстремистичкиот говор, додека во други прекумерно ја ограничуваат слободата на говорот. Во Мјанмар, на пример, поради административна грешка, на платформата со месеци се ширела екстремистичката група, која поттикнувала геноцид.

Поради голем број на јазици, модераторите често мора да се потпираат на “Google translate”, во потрага по вистинскиот одговор во морето на бирократски називи.

И покрај ветувањето на водечките луѓе дека повеќе ќе се грижат за безбедноста на податоците, Њујорк Тајмс во декември откри дека Фејсбук без знаење на корисниците ги споделува нивните податоци со големите технолошки компании како Мајкрософт, Амазон или Нетфликс – “со цел да се подобрат услугите”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365