По повод овој Меѓународниот ден на жената 8 март, “Најк” објави мотивирачка реклама на корејскиот пазар, повикувајќи ги жените “да изберат феноменално”.
Спотот кој го изработи агенцијата Wieden & Kennedy од Токио го претставува секојдневието на корејските спортистки, како и славните K-Pop ѕвезди. Меѓу нив се и пејачката Амбер Лиу, К-поп-ѕвездата Чунга, фудбалерката Џи Со –јин, комичарката Парк На-рае и голферката Парк Сунг-Хјун.
Пораката на спотот ја следи иницијативата за зајакнување на жените која што Најк ја спроведува во САД, “Dream Crazier“ со Серена Вилијамс во главната улога, но оваа кампања има карактеристичен корејски дух.
Според порталот Hypebae.com, рекламата започнува со корејската традиција наречена “долјаби”, каде што на првиот роденден на детето му носат голем број на играчки, со цел да избере некои од нив, како чин што ја најавува идната кариера на детето.
Спотот ги повикува жените да се изразат себеси онака како што сакаат и заклучува со пораката: “Ти си ремек дело на сето она што си го избрал”.