Home » Во фокусот » Нова апликација за iOS “Callblock“ ќе блокира над 2 милиони телемаркетинг повици

Нова апликација за iOS “Callblock“ ќе блокира над 2 милиони телемаркетинг повици

screen-shot-2016-09-07-at-11-24-56-amНовата апликација, Callblock , вклучена во iTunes App Store , има намена за блокирање на телефонски повици над 2 милиони телемаркетери (луѓе кои прават продажба по пат на телефон). Тука исто така спаѓаат автоматските повици, наплата на долгови , политички активисти , измамници и многу повеќе.

За да се идентификува кој да биде блокиран, апликацијата користи комбинација на јавни и приватни податоци, тековните истражувања и извештаи за корисникот, објаснува компанијата. Како што се додаваат нови записи во базата на податоци, апликацијата автоматски ќе ги ажурира и вклучи тие промени.

Callblock е најновото издание на Rocketship , профитабилна апликација која стои зад популарниот мобилен блокатор наречен “Adblock Fast“ , кој денес има 750.000 корисници и е оценет со 4.5 ѕвезди и 4 ѕвезди на Apple App Store и Google Play. Новиот “Блокатор“ на повици го гледаме како надградба или надополнување на Adblock Fast, кој се фокусира на управување на големи бази на податоци , во обид да ги заштити крајните корисници од анонимните – во овој случај , несакани повици и фрустрирачки онлајн реклами.

Користењето на Callblock е многу слично на користењето на мобилниот блокатор за реклами на iOS. Сепак, корисниците наместо да одат во Settings Safari, треба да одат во Settings -> Phone, и потоа да направат промена на Callblock и да го вклучат. Во апликација, потоа може да дефинирате кои типови на повици сакате да ги блокирате. Промените траат од 15 секунди до една минута во зависност од чипсетот на вашиот iPhone или од оптоварувањето, вчитувањето и сл.

bytype-e86808bc7c70a29f29656632c5750b5143e151f932f84302f3e7c6c078cef733Оваа апликација има повеќе предности во однос на новата апликација CallKit API што WWDC ја воведе на почетокот на оваа година , која им овозможува три апликации да се интегрираат цврсто со корисничиот интерфејс на матичниот телефон.

reporting-f31d7c93abdd0003608395756f01d9cfa8162a9b83ff6185d6a8509e0195e9c1

При лансирање, Callblock може да ги прикажена екран повиците од измамници, повици за наплата на долгови , автоматски повици , луѓе кои прават продажби преку телефон , анкетарите , политички активисти , добротворни организации за собирање средства и непознати повикувачи. Ако добивате некаков повик кој треба да биде блокиран , може да го пријавите телефонскиот број во апликацијата, со притискање на “Add Caller.”

Ова не е првата апликација која има за цел да им помогне на корисниците да се справат со новите натрапнички повици – апликации како Mr. Number и Truecaller го прават ова. Се додека iOS 10 не се појави и овие апликации да ви покажуваат кој ве повикува, порано треаше да креирате црна листа со броеви или да пријавите спамери. Со Callblock имате уште понова и пософистицирана можност да се справите со ваквите телефонски натрапници.

Но, зависно од тоа како преферирате , оваа апликација овозможува преку callerID да примате дојдовни повици и да ви покаже кои се спамери, наместо да ги блокира стандардните за кои по автоматизам смета дека треба да ги исклучи.

callerid-07431dbacfb5e00c9d6cde1e7d61ba93445a50f6f179a09cd1652b4f492ef570

Според одредена група граѓани – потрошувачи, луѓето задолжени за продажба преку телефон ( telemarketers ) правеле 148 милиони повици дневно. Па тоа значи дека апликацијата Callblock за многумина ќе биде добредојдена. Оваа апликација моментално функционира низ 174 земји ширум светот.Оваа апликација би имала цена $0.99/месечно или $9.99/годишно или би имало промотивна цена за која корисниците дополнително ќе бидат известени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365