Home » Во фокусот » Нова иницијатива за зголемување на видливоста на жените во огласувачката индустрија

Нова иницијатива за зголемување на видливоста на жените во огласувачката индустрија

На овогодинешниот фестивал во Cannes Lions, многу жени може да дојдат облечени во црно по повик за солидарност на движењето #WomenCannes, кое сака да ги посочи проблемите со кои се соочуваат жените

Новото движење наречено #WomenCannes е лансирано со мисија за зголемување на видливоста на жените во огласувачката индустрија, a по повод Меѓународниот фестивал на креативност Cannes Lions. Мисијата на ова движење е борбата против сексуалното вознемирување во огласувачката индустрија и промовирањето на жените на повисоки позиции, а дел од оваа мисија е и нивниот повик до сите жени да покажат солидарност и да се појават облечени во црно на фестивалот.

“Фестивалот во Кан претставува сцена за многу пријавени и непријавени несоодветни сексуални однесувања во огласувањето. Сè додека жените остануваат недоволно застапени на повисоките нивоа и сè додека ги нема на сцената да ги преземат освоените награди, ништо од тоа нема да се промени. Затоа, оваа година, ќе носиме црно во Кан, во знак на солидарност и сигурност за оние кои ќе присуствуваат. Но и затоа што многу жени кои се вредни за признание, сеуште се изоставени “, наведува движењето на нивната веб-страница.

Меѓу другото, оваа страница содржи и хаштаг #TimesUpAdvertising, која претставува слична група во САД, која исто така укажува на проблемите со кои се соочуваат жените во огласувачката индустрија, а особено сексуалното вознемирување и нееднаквоста на половите.

Оваа иницијатива, исто така, претставува продолжение на бројни слични иницијативи кои во последно време се појавија во светот и обележале бројни фестивали, а особено движењата #MeToo и #TimesUp.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365