Home » Во фокусот » Новите вработувања носат нова креативна енергија во Saatchi & Saatchi Хрватска

Новите вработувања носат нова креативна енергија во Saatchi & Saatchi Хрватска

Publicis One  Хрватска денес го објави именувањето  на три наградувани креативни таленти во агенцијата Saatchi & Saatchi, со цел засилување и постигнување на поголеми креативни цели во Хрватска и во Адриатик регионот.

Ново именуваните професионалци со огромно креативно искуство ќе го предводат процесот на повторно активирање на агенцијата во Хрватска.

Одличната работа на ова креативно трио,  кое во Saatchi&Saatchi преминува од агенцијата Bruketa&Žinić&Grey, е препознатлива на локалната и интернационалната креативна фестивалска сцена. Триото го сочинуваат Иван Таниќ, кој ја превзема улогата на креативен директор, Небојша Цветковиќ кој e назначен за арт директор и Иван Павичиќ како сениор copywriter.

“Новите вработувања ја истакнуваат важноста на нашата посветеност на креативноста, со цел да го зголемиме присуството на локалниот и регионалниот пазар. Со оглед на влијанието на агенцијата Saatchi&Saatchi во Адриатик регионот, како и инспиративниот и креативен дух на тој наш групациски бренд, повторното активирање на Saatchi&Saatchi во Хрватска е логичен чекор кон јакнењето и проширувањето на понудата на креативни комуникациски решенија за сите наши клиенти” изјави Александра Дилевска, CEO Publicis One  Хрватска и Македонија, COO Publicis One Адриатик

Ова е чекор напред во понатамошниот развој на нашите деловни операции во Хрватска. Амбициозни сме и максимално посветени на освојување на нови клиенти, а тоа секогаш започнува со вложување во луѓе и нивните таленти. Новите вработувања, заедно со сите наши регионални и меѓународни ресурси, ќе ја зајакнат синергијата на Групацијата во Адриатик регионот и ќе направи разлика за сите наши клиенти, помагајќи им при нивната деловна трансформација. Тоа е најдобар доказ на групациската визија “Power of One” “ додаде Анѓелко Трпковиќ, CEO of Publicis One Adriatic.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365