Home » Digital » Ново истражување: Милиони американци ги гаснат своите профили на Фејсбук

Ново истражување: Милиони американци ги гаснат своите профили на Фејсбук

Изгледа дека сите пропусти на Фејсбук стигнаа за наплата, а тоа го докажува и новото истражување според кое се` повеќе американци ја напуштаат оваа социјална мрежа. Во САД има 15 милиони корисници помалку отколку што имало во 2017 година.

Според истражувањето кое го објави истражувачкиот тим „Edison Research“, 80 проценти од американците ги користат Твитер, Снепчет и Инстаграм повеќе отколку што го користат Фејсбук.

„Бројката од 15 милиони не е занемарлива, мислам дека со сигурност може да се каже дека е тоа значителен пад на бројот на корисници. 15 милиони луѓе се многу, од било кој агол да гледате. Тоа претставува 6% од целокупната американска популација и на некој начин е дел од трендот. Ова е втора година по ред кога гледаме значаен пад на користење на оваа социјална мрежа“, изјави Лери Росин, претставник на истражувачкиот тим.

Според неа, овие резултати ќе се одразат и на оние кои вложуваат во Фејсбук. Таа предупредува и за фактот што Фејсбук стана повеќе популарнен помеѓу повозрасните генерации, што значително се одрази на помладите.

„Изгледа дека останатите социјални мрежи се попривлечни од Фејсбук, барем од перспектива на младите луѓе“, заклучува Росин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365