Home » Во фокусот » Новото лого на Yahoo!

Новото лого на Yahoo!

Или подобро речено, 30-те нови лого дизајни на Yahoo.

Yahoo e компанијата која добива се поголемо медиумско влијание, а тоа е пред се поради разните купувања што Marissa Mayer, (релативно) новиот директор ги има направено во изминатиот едногодишен период (време колку што всушност и е на позицијата).

Со купувањето на Tumblr, Yahoo ја доби онаа свежина меѓу таргет групата кон која што сака да се обрати, но сеуште има да се изоди од патот. Во свет каде што останатите социјални и интернет џинови ја водат битката и се на врвот, Yahoo и нема што да изгуби. Со години неговата популарност опаѓа, парите никако да дојдат (од рекламирање), па со промената што се случи пред една година и донесувањето на Мејер како директор, го раздрмаа овој дел од светот на интернетот. Мејер, притоа имајќи и бебе дома, успеа да наметне нови правила во компанијата што ја води.

За да биде целосен пакетот, Yahoo ќе добие и ново лого. Или можеби речено – варијација на фонтот на логото. Не е драстична промената (бидејќи ќе се задржи ! и виолетовата боја), но е ОК старт.

30 дена Yahoo ќе објавува свои варијации на логото се додека не стигне до својот нов изглед. Иако кампањата изгледа како некој супермаркет во помал град да нуди пониски цени, сепак креира заинтересираност, иако не во мера колку што беше посакувано.

Што значи, да уживаме во различните фонтови на Yahoo oвие денови. Се додека не стигнат до фонтот кој што најмногу им се допаѓа.

tumblr_inline_mrar5dEJBf1qz4rgp tumblr_inline_mr6zkxpCDL1qz4rgp

 

Автор Мирослав Мечкароски

Мирослав е инволвиран во различни маркетинг проекти на различни платформи, со акцент на интернет медиумите и нивното влијание. Омилената дестинација му се бренд стратегиите и јавното говорење (+ПР), а како деликатес ги смета проектниот менаџмент и менаџментот на настани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365